Прашања и одговори

Поле за прашања поврзани со ISO 50001

 

 

Кликнете на прашањата подолу за да го видите одговорот.

What is ISO What is Energy Does a company Why should our company What does the certification What are the first steps Is there any technical Are there any subsidy Who are the UNIDO What legal requirements What is the target Is ISO 50001 What after we implement

 

 

ISO 50001:2018 е меѓународен стандард за управување со енергија. Стандардот на организациите им овозможува да ги воспостават системите и процесите потребни за да ги подобрат своите енергетски перформанси, во кои спаѓаат употребата, потрошувачката на енергија и енергетската ефикасност.

Систем за управување со енергија подразбира спроведување на организациски и технички мерки и промени во однесувањето на економски оправдан начин со цел да се подобрат енергетските перформанси на една организација. Управувањето со енергија значи систематско следење на потрошувачката на енергија со цел постојано подобрување на енергетските перформанси на организацијата и одржување на овие подобрувања.

Спроведувањето на систем за управување со енергија се состои од четири (4) чекори – Посветеност, планирање, спроведување и проверка.

Не, компанијата не мора да се сертифицира за да оствари подобрувања на енергетските перформанси. Функционалното спроведување на Систем за управување со енергија следејќи ги принципите дефинирани во ISO 50001:2018 стандардот или методологијата на UNIDO која во најголемиот дел се совпаѓа со стандардот, може значително да ги подобри енергетските перформанси на компанијата.

Доколку вашата компанија се сертифицира со ISO 50001:2018 таа ќе се стекне со бројни придобивки, како на пример:

• Намалување на потрошувачката на енергија до 10% во првите 12 месеци;
• Намалени финансиски трошоци;
• Намалени емисии на стакленички гасови и јаглероден отпечаток;
• Зголемена конкурентност;
• Подобрен корпоративен имиџ и репутација меѓу клиентите;
• Зголемена свесност за потрошувачката на енергија меѓу персоналот на сите нивоа;
• Зголемена ефикасност на процесите и практиките за одржување на опремата.

За компанијата успешно да се сертифицира со ISO 50001, таа најпрвин мора да го спроведе Системот за управување со енергија и активно да го користи.
Откако овој услов ќе биде исполнет, компанијата доставува барање за сертификација до сертификационото тело, кое ја спроведува инспекцијата во две фази. Првата фаза е првичната инспекција. Се разгледуваат енергетската политика, деловните процеси, исполнетоста на условите за спроведување и други аспекти од системот. Се прават напори да се отстранат сите потенцијални неусогласености со системот. Во втората фаза се врши контрола на самата локација. Се вршат проверки на сите нивоа од компанијата, како посветеноста на спроведувањето на системот и дали стандардот е спроведен во целост.
Доколку компанијата успешно ги комплетира овие фази, на компанијата ѝ се издава сертификат за успешно спроведување на ISO 50001:2018 стандард.

Еден од првите чекори при спроведување на Систем за управување со енергија во една компанија е да се ревидира моменталната состојба на управувањето со енергија во компанијата. Целта на оваа самостојна проценка е да се идентификуваат приоритетите на кои компанијата ќе треба да се посвети во текот на процесот на спроведување. За делотворноста на Системот за управување со енергија од исклучителна важност е посветеноста на врвното раководство на компанијата. Оваа посветеност може да се демонстрира со изготвување и потпишување на Енергетска политика и отстапување на доволен број на работни часови на персоналот и ресурси во насока на спроведувањето на системот за управување со енергија.

Постојат. Една од нив е во форма на Повик кој се објавува секоја година од страна на Министерството за економија

https://economy.gov.mk/Upload/Documents/ЈP%20%20DELOVNI%20SUBJEKTI%202021.pdf

Консултантите сертифицирани според методологијата на UNIDO за спроведување на системи за управување со енергија се национални експерти за енергетска ефикасност кои го поседуваат знаењето, вештините и алатките потребни за спроведување на системи за управување со енергија во согласност со меѓународниот стандард ISO 50001:2018.  Листи на експерти сертифицирани според методологијата на UNIDO, нивните контакт-информации и CV-а можат да се најдат во секцијата “УНИДО експерти за енергетска ефикасност”, која е дел од оваа веб платформа.

Сите големи претпријатија кои ја задоволуваат дефиницијата од Член 3, Став 22 од Законот за енергетска ефикасност се обврзани да спроведат надворешна енергетска контрола секои четири години во согласност со одредбите во Законот и во Правилникот за енергетски контроли на големи трговци. Големите претпријатија не се обврзани да спроведат надворешна енергетска контрола доколку имаат спроведено систем за управување со енергија сертифициран од страна на надворешно сертификационо тело акредитирано во согласност со Законот за акредитација и усогласен со релевантните европски или меѓународни стандарди (ISO), под услов системо за управување да вклучува внатрешна енергетска контрола која ги задоволува деталните барања пропишани од Правилникот за енергетски контроли на големи трговци.

Спроведувањето на Систем за управување со енергија не е задолжително за мали и средни претпријатија, но Законот ги поттикнува да спроведат Систем за управување со енергија и да спроведуваат енергетски контроли на доброволна основа.

ISO 50001 е усогласен со другите стандарди за управување популарни во секторот индустрија, како стандардот за квалитет (ISO 9001), стандардот за безбедност на работното место (OHSAS 18001), прехранбена безбедност (ISO 22000) и еколошко управување (ISO 14001). На тој начин организациите можат доколку е неопходно да го интегрираат системот за управување со енергија со нивните постоечки системи за управување.

Откако компанијата ќе го воспостави Системот за управување со енергија, таа мора соодветно да ги одржува и подобрува своите енергетски перформанси секоја година. Компаниите мора постојано да планираат и спроведуваат активности кои ги подобруваат енергетските перформанси и да се осигураат дека овие активности ќе продолжат и во иднина.

Наши партнери