Платформа и цели на проектот

Целите на Платформата е да се зголеми свеста за системот за управување со енергијата (СУЕ), оптимизацијата на енергетскиот систем (ОЕС) и индустриската енергетска ефикасност (ИЕЕ) и да се стимулира локалниот пазар за услуги за енергетска ефикасност во индустријата, вклучително и управувањето со енергијата.

Платформата има за цел да обезбеди информации и алатки што ќе ги користат првенствено консултантите за енергетска ефикасност и персоналот на претпријатијата за имплементација на системот за управување со енергијата (СУЕ), проекти за оптимизација на системот за пареа и компресиран воздух и други најдобро достапни технологии и техники за индустриска енергетска ефикасност.

Платформата има информации за самостојно проучување и податоци за поврзување на претпријатијата со специјалисти за на системот за управување со енергијата (СУЕ) / индустриска енергетска ефикасност (ИЕЕ) и даватели на услуги.

Проектот “Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии” има за цел да ги намали емисиите на стакленички гасови од индустријата во Република Северна Македонија преку забрзување на трансформацијата на локалниот пазар за индустриска енергетска ефикасност (ИЕЕ) преку посочување на многу од постоечките бариери и особено, преку зајакнување на политичките, регулаторните и институционалните рамки за ИЕЕ и преку поддршка на инвестиции во- и зголемено распространување на најдобрите расположливи практики и технологии за енергетска ефикасност.

Проектот е финансиран од Глобалниот еколошки фонд (анг. Global Environment Facility, GEF) и кофинансиран од UNIDO, владини институции, Македонската банка за промоција и развој и други партнери на проектот.

Проектот е воведен од UNIDO и спроведуван од Регионалниот центар за животна средина Канцеларија во Македонија (REC COM) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија, Агенцијата за енергетика на Република Македонија и Македонската банка за промоција и развој. Проектот се спроведува во периодот од февруари 2015 година до јуни 2021 година.

Проектот има цел да ги посочи постоечките бариери за енергетска ефикасност во македонската индустрија преку интегриран пристап кој опфаќа градење на капацитети со насочена техничка помош во интервенциите на ниво на политики, пазар и на ниво на примена на енергетската ефикасност. Тој треба да придонесе за забрзување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата, кон зголемена примена и барања за најдобри расположливи практики и технологии вкл. системите за управување со енергија согласно со стандардот ISO 50001 и поголем избор на консултантски услуги во оваа област.

Проектот ги следи целите за намалување на емисиите на стакленички гасови во индустријата и трансформацијата на локалниот пазар за енергетска ефикасност во индустријата преку интервенции за отстранување на бариерите на три нивоа:

    1. Зајакнување на политичките, регулаторните и институционалните рамки за енергетска ефикасност во индустријата и зелена индустрија во Република Северна Македонија

Оваа компонента е дизајнирана да обезбеди политиките на поддршка, секундарната легислатива и програмите конкретно насочени кон промовирање и поддршка на енергетската ефикасност во индустријата и системите за управување со енергија, да бидат ставени во сила. Исто така, оваа компонента има за цел да обезбеди носителите на одлуките да се стекнат со потребното знаење за промоција и поддршка на енергетската ефикасност во индустријата на одржлив и попродуктивен начин.

  1. Поддршка на развојот на пазарот за развој и споделување на најдобрите расположливи практики и технологии за енергетска ефикасност и одржлива животна средина во индустријата

Оваа компонента е дизајнирана да воведе и поддржи развој на системи за управување со енергија согласно со стандардот ISO 50001 и најдобри расположливи техники за подобрување на ефикасноста во индустриските енергетски системи во македонските претпријатија и локалните пазари на ИЕЕ. Целта ќе се спроведува преку работење и на страната на побарувачката и на страната на снабдувањето со услуги за енергетска ефикасност, преку размена на сознанија меѓу носителите на одлуки во индустрискиот сектор, надградба на вештините и стручноста на обезбедувачите на услуги од областа на енергетска ефикасност, обука на претпријатијата преку практични искуства и консултации при воведувањето на системите за управување со енергија и проектите за оптимизација на енергетските системи. Оваа компонента овозможува пристап “обучи го обучувачот”.

  1. Поттикнување на инвестициите во технологии за енергетска ефикасност на ниво на индустрија

На крај проектот има за цел да го забрза темпото на инвестиции во проекти и технологии преку зголемена употреба на постоечките финансиски капацитети за инвестиции во енергетска ефикасност во индустријата и да помогне во мобилизацијата на дополнително финансирање од македонскиот банкарски сектор. Проектот, специфично ќе се насочи кон зголемување на квалитетот и бројот на проекти од областа на енергетска ефикасност во индустријата и предлози за инвестиции кои ќе бидат доставени до македонските банки; зголемување на иницијативата претпријатијата и банките да инвестираат и да бидат сѐ повеќе вклучени во проекти за енергетска ефикасност во индустријата.

Повеќе информации за проектот и начелата на UNIDO за ИЕЕ може да се добијат од публикациите во прилог.

Повеќе за ISO 50001 може да се прочита во публикациите од Меѓународната организација за стандардизација или на следнава врска https://www.iso.org/iso-50001-energy-management.html.

Наши партнери