Понуда и побарувачка на електрична енергија во Република Северна Македонија (2019) [1]
Вкупната количина на електрична енергија (GWh) испорачана во 2019 година во Република Северна Македонија изнесува 8,130 GWh, од кои 5,658 GWh (69.6%) се произведени од домашните капацитети, додека 2,472 GWh (30.4%) се увезени од странство.
Скоро две третини (63.3%) од вкупниот инсталиран капацитет во земјата во 2019та година користи фосилни горива како извор на енергија.
Остатокот од инсталираниот капацитет (36.7%) користи обновливи извори на енергија (ОИЕ) како хидроенергија, ветер, фотоволтаична соларна енергија, биомаса и биогас.
Вкупниот инсталиран капацитет во Република Северна Македонија во 2019та година изнесувал 2,087.8 MW.
Вкупен инсталиран капацитет (2019) според извор на енергија:
- Термоелектрани, 49.53%;
- Хидроелектрани, 33.43%;
- ТЕ-ТО (природен гас), 13.77%;
- Други обновливи извори на енергија, 3.27%
Домашно производство на електрична енергија (2019) според извор на енергија:
- Термоелектрани 2%
- Хидроелектрани 9%,
- ТЕ-ТО (природен гас) 17.6% and
- Други обновливи извори на енергија 3%.
Слика 1: Инсталиран капацитет и удел (%) на извори на енергија во вкупниот електро-енергетски микс во Република Северна Македонија
Во 2019та година, четири претпријатија во Република Северна Македонија управуваа со електрани со комбиниран инсталиран капацитет кој надминува 10 MW:
- АД Електрани на на Северна Македонија Скопје (во понатамошниот текст АД ЕСМ Скопје);
- АД ТЕ-ТО Скопје;
- АД ТЕЦ Неготино;
- ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ Скопје.
Најголем произведувач на струја во 2019та година е АД ЕСМ Скопје (75,71%), претпријатие во државна сопственост со чии акции управува Владата на Република Северна Македонија.
Producer | Number of power plants | Installed capacity (MW) | Proportion
(%) |
Production
(GWh) |
Proportion
(%) |
АД ЕСМ Скопје | 15 | 1.478,61 | 70,82% | 4.283,73 | 75,71% |
Термоелектрани | 4 | 824,00 | 39,47% | 3.293,81 | 58,21% |
Хидроелектрани | 8 | 557,40 | 26,70% | 879,48 | 15,54% |
Ветерници | 1 | 36,80 | 1,76% | 101,81 | 1,80% |
ТЕ-ТО | 2 | 60,41 | 2,89% | 8,63 | 0,15% |
АД ТЕЦ Неготино | 1 | 210,00 | 10,06% | 0,00 | 0,00% |
Термоелектрани | 1 | 210,00 | 10,06% | 0,00 | 0,00% |
ТЕ-ТО АД Скопје | 1 | 227,00 | 10,87% | 987,03 | 17,44% |
ТЕ-ТО | 1 | 227,00 | 10,87% | 987,03 | 17,44% |
ЕВН Електрани | 11 | 58,56 | 2,80% | 125,86 | 2,22% |
Хидроелектрани | 11 | 58,56 | 2,80% | 125,86 | 2,22% |
Други | 235 | 113,02 | 5,44% | 261,64 | 4,62% |
Мали хидроелектрани | 92 | 82,03 | 3,93% | 178,13 | 3,15% |
Фотоволтаични централи | 140 | 23,99 | 1,15% | 28,40 | 0,50% |
Биогас | 3 | 7,00 | 0,34% | 55,10 | 0,97% |
Биомаса | 1 | 0,60 | 0,03% | 0,00 | 0,00% |
Вкупно | 264 | 2.087,19 | 100,00% | 5.658,25 | 100,00% |
Табела 1: Инсталиран капацитет и производство на електрична енергија во Република Северна Македонија во 2019та година според произведувач и според извор на енергија
Во последните 10 години домашното производство на електрична енергија бележи опаѓање, од 6,744 GWh во 2010та година, до 5,655 GWh во 2019та година, намалување од 16% (1,080 GWh). Најголемиот удел во ова намалување се должи на намаленото производство од страна на државното претпријатие за производство на електрична енергија, АД ЕСМ Скопје, кое во 2010та година произвело 6,476 GWh и само 4,283 GWh во 2019та година, намалување од 34% (2,193 GWh).
Почнувајќи од 2014та година, производството на АД ЕСМ Скопје не надминува 5,000 GWh. Термо- и хидроелектраните бележат намалено производство на електрична енергија. Производството на на електрична енергија од страна на хидроелектраните пред сé зависи од хидролошките услови – во 10-годишен период (2010-2019) тоа варирало помеѓу 2,185 GWh во 2010та година и 816 GWh во 2017та година. Во овој период не е достигнато производството од 2010та година, и покрај пуштањето во употреба на новата хидроелектрана „Света Петка“ во 2012та година.
Термоелектраните исто така бележат намалено производство на електрична енергија. Помеѓу 2010та и 2019та година, најголемо производство е постигнато во 2011та година – 4,776 GWh, додека најниското производство е измерено во 2018та година – 2,613 GWh. Извештајот на Регулаторната комисија за енергетика за 2019та година наведува неколку причини за овој тренд:
Животниот век на термоелектраните е или надминат или се приближува до крајот, што предизвикува пораст на дефектите и ремонтите, како и загуби во ефикасноста. Рудниците за лигнит се близу до исцрпување – количествата и квалитетот на лигнитот бележат опаѓање во последните години. Од овие причини, производството на термоелектраната „Осломеј“ во последните 10 години е драстично намалено – тоа било највисоко во 2011та година (587 GWh) а најниско во 2017та година (27 GWh).
Република Северна Македонија зависи од увоз на електрична енергија за да ги задоволи домашните потреби. Во последната деценија, увозот варира помеѓу 20% и 30% од вкупната потрошувачка и е врзан со движењата на домашното производство на електрична енергија во дадена година, особено од хидроелектраните, како и од домашната побарувачка за електрична енергија.
Либерализација на пазарот за електрична енергија
Почнувајќи од 1 јануари 2019та година, сите крајни потрошувачи на електрична енергија, вклучувајќи ги и домаќинствата се стекнаа со право слободно да изберат снабдувач со електрична енергија и заемно да се договорат за условите и цените на снабдување. Од 1 јули 2019та година, цената на електрична енергија која ја испорачува најголемиот произведувач во земјата веќе не се одредува од страна на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Целосната либерализација на пазарот за електрична енергија во 2019та година доведе до појава на четири нови активни снабдувачи/трговци со енергија.
[1] Податоците и бројките во оваа статија се позајмени од Годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) за 2019та година