Планирање

1. Што опфаќа фазата планирање?

Планирање — преточување на посветеноста и енергетската политика во општи и посебни цели и акциони планови
Планирањето има за цел да ги утврди сите начини на кои се троши енергија. Во основа претставува енергетска контрола која ја споредува основната состојба со реалната потрошувачка. Целта на процесот на енергетска контрола е да се разгледа користењето енергија на систематски начин со фокус на најзначајните потрошувачи на енергија и можности за заштеда.

Read more >>

2. Прибирање и анализа на енергетските податоци

Евиденцијата на потрошувачката на енергија опфаќа внесување на месечните сметки за енергија на месечна основа – овде спаѓаат електричната енергија, горивата и другите извори идентификувани во текот на енергетската контрола извршена врз основа на податоци од (најмалку) последните две години, внесени во Алатникот за СУЕ (работниот лист ER1). Овој работен лист може да се прилагодува во зависност од потребите на компанијата. Работниот лист ER1 се користи за анализа на трендовите, од кои може да се идентификуваат можности за намалување на потрошувачката на енергија.

Read more >>

3. Методологија за определување на значајните потрошувачи на енергија

3.1 ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ЗНАЧАЈНИТЕ ПОТРОШУВАЧИ НА ЕНЕРГИЈА

За да се идентификуваат значајните потрошувачи на енергија (ЗПЕ), потребно е да се знае точно колку енергија користи секој процес или систем. Најчесто нема поставено посебен мерач за повеќето или за сите значајни потрошувачи. Во тој случај, потребно е да се најде начин за проценка на нивната потрошувачка и оваа активност треба да се спроведува посебно за секој извор на енергија кој се следи, на пр. за електрична енергија и за секој тип на гориво.

Read more >>

3.2 Методологија за определување на ЗПЕ

Постојат одреден број на начини за идентификување и вреднување на ЗПЕ, а од голема помош е работниот лист ER3 ЗКЕ од СУЕ Алатникот:

Read more >>

4. Основна состојба

Целта на основната состојба е да се воспостави споредбена вредност за мерење на подобрувањата на енергетските перформанси. Наједноставно кажано, основната состојба ја претставува вкупната потрошувачка на електрична енергија и други горива во текот на годината пред да се спроведе СУЕ.

Read more >>

5. Индикатори за енергетски перформанси (ИЕП) (ER5 ИЕП работен лист во СУЕ алатникот)

Индикаторите на енергетски перформанси покажуваат дали се исполнуваат специфичните цели за енергетски перформанси. Највообичаениот и наједноставниот индикатор за енергетски перформанси е сообразноста со финансиските буџети. Еден едноставен индикатор на енергетски перформанси е преглед на годишниот тренд на користењето енергија.

Read more >>

6. Индикатори на енергетски перформанси и влијание на (надворешни) фактори

Како идеален метод за поставување и следење на ИЕП се смета линеарната регресиона анализа на потрошувачката на енергија во однос на влијателните фактори. За да се види подобрување на енергетските перформанси, косината на регресионата линија и/или пресекот со Y-оската треба да се намалува.

Read more >>

7. Идентификување на можности за подобрување (работен лист ER8 Листа на можности)

Потребно е да направите регистар (листа) на сите можности или идеи за заштеда на енергија. Важно е да се напомене дека овој регистар е жива база на податоци и тековно ќе се зголемува неговиот обем. Тоа е главната алатка за континуирано подобрување во рамките на СУЕ.

Read more >>

8. Мерки со ниски трошоци за спроведување (за „домаќинско“ управување)

Мерките со ниски трошоци за спроведување значат домаќинско управување со средствата на вашата компанија, во конкретниот случај со енергијата. Овие мерки повеќе се темелат на здравиот разум и познавање на техниката и технологијата, отколку на високи технологиии или на крупни зафати.

Read more >>

9. Идентификување на луѓето кои може да имаат значително влијание врз употребата на енергија

Во сите организации има одреден број на луѓе кои значително влијаат на користењето енергија. Тие луѓе треба да се идентификуваат и треба да се оцени нивниот степен на обученост и компетентност за да се обезбеди дека тие ја разбираат нивната улога и влијанието кое го имаат на употребата на енергија.

Read more >>

10. Воспоставување на општи и посебни енергетски цели

10.1 ОПШТИ ЦЕЛИ

Општите цели се подолгорочни и помалку дефинирани од посебните цели. Пример за една општа цел е да се обучат сите оператори за енергетските аспекти на нивната улога во текот на следните две години. Друга општа цел е да се подобри ефикасноста на системот на пареа за 10 проценти во текот на следните три години.

Read more >>

11. Изработка на акциони планови

Целта на овој дел е да се преточи целата подготвителна/планирачка работа во акциони планови за претстојниот период, вообичаено од една година. Тие планови ќе претставуваат основа за активностите за заштеда на енергија. Забележете дека акционите планови не се целосно листи на технички инвестициски проекти и ќе вклучуваат активности за домаќинско управување и организација.
Акциониот план е конкретна акција која се презема за да се подобрат енергетските перформанси. Постапувањето во овој контекст подразбира активности кои ќе ги завршите во претстојниот период.

Read more >>

10.2 Посебни цели

Посебните цели треба да го поддржуваат остварувањето на општите цели, т.е. секоја општа цел веројатно ќе има одреден број на посебни цели кои се поврзани со неа. Пример за посебна цел со која се поддржува општата цел за обука спомената погоре би бил „да се обучат пет оператори за енергија за ладење до крајот на октомври”. Тоа е конкретно, мерливо, остварливо, релевантно и временски определено.

Read more >>

Наши партнери