Имплементација

1. Воспоставување на процедури за тековно оперативно работење

1.1 ПРЕЗЕМАЊЕ НА АКТИВНОСТИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ ПЕРФОРМАНСИ НА ДНЕВНА ОСНОВА

Во оваа фаза се спроведуваат мерките за заштеда на енергија и подобрување на енергетските перформанси. Тоа е дел од циклусот на континуирано подобрување заедно со следната фаза на „проверка” каде се врши проверка на системот и на енергетските перформанси.

Read more >>

1.2 Воспоставување на оперативни контроли

Во оваа фаза се управува со опремата која употребува енергија и каде честопати постои голем потенцијал значително да се влијае на енергетските перформанси на организацијата. Многу организации претпоставуваат дека доколку купат енергетски ефикасна опрема дека автоматски и нивното работење ќе биде енергетски ефикасно.

Read more >>

1.3 Управување

Начинот на кој се управува со опремата и процесите кои користат енергија може значително да влијае врз енергетските перформанси.
За секој ЗПЕ треба да има попис на критични оперативни параметри изработен во текот на фазата на планирање. Потребно е да постои разбирање и придржување до тие параметри.

Read more >>

1.4 Одржување

• Планираното превентивно одржување треба да се спроведува согласно препораките на производителот. За тоа е потребно планирање, комплетирање и евидентирање на активностите за одржување.

Read more >>

2. Градење на компетентност и свесност на персоналот

Потребно е сите лица влијаат врз енергетските перформанси, а особено оние кои може да влијаат на перформансите на вашите ЗПЕ да бидат соодветно компетентни и свесни за нивните улоги. За тоа да се оствари потребно е соодветно да се обучат.
Спроведувањето на оваа обука е честопати најнапорната активност при спроведувањето на функционален СУЕ во однос на времето кое треба да го одвојат вработените за посета на обуката и во однос на трошоците за ангажирање на обучувачите.

2.1 СВЕСНОСТ

Сите вработени и вршители на услуги треба да бидат свесни за насоката на организацијата кон подобрување на енергетските перформанси. Ова може лесно да се постигне со тоа што енергетската политика ќе биде видливо истакната, а на вработените ќе им бидат доставувани редовни известувања за остварениот напредок.

Read more >>

2.2 Обука

Сите вработени кои управуваат со ЗПЕ треба да бидат обучени за сите оперативни процедури или практики кои влијаат врз извршувањето на нивните работни задачи а особено оние кои влијаат врз енергетските перформанси. На пример, операторите на котлари мора да бидат обучени за разните оперативни параметри кои треба да ги контролираат и коишто влијаат на ефикасноста на котлите, како што се вкупно растворени цврсти материи, притисок во котелот, поставки за согорување, итн.

Read more >>

2.3 Компетентност

Раководството на организацијата/компанијата/институцијата има одговорност да обезбеди дека сите луѓе кои работат за неа се компетентни за да ги извршуваат своите улоги и задачи врз основа на соодветни критериуми за образование, обученост, вештини или искуство.

Read more >>

3. Спроведување на акциски планови

Како дел од спроведувањето на СУЕ на дневна основа треба да се проверува дали точките кои се на ред за завршување од акцискиот план се предвидени, завршени и дали е потврдено дека се извршени според планираното.
Причините за неуспех во реализирање на активностите се многубројни и разновидни, но тука се наведени некои проблеми кои често се појавуваат:

Read more >>

4. Проектирање за енергетска ефикасност

Многу е полесно и поевтино да се вградат добри енергетски перформанси во нов процес или фабрика од самиот почеток отколку тие отпосле да се модифицираат. Најважно е да се преиспита спецификацијата и обемот на опремата или процесот кој што се бара уште на самиот почеток.

4.1 ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНО ПРОЕКТИРАЊЕ (EEП)

Следните чекори може да се следат како дел од систематски пристап кон EED.

Read more >>

4.2 Пуштање во функција

При пуштањето во функција целта е инсталираната опрема или систем да функционира според проектните спецификации.

Read more >>

4.3 Комуникација

Оперативниот кадар, инженерите, надзорниците, операторите, итн., треба да бидат целосно запознати со проектираната цел на системите со кои тие управуваат.

Read more >>

5. Одредување на процедури за набавка и спецификации при купување на опрема

Процесот на набавки во вашата организација значајно влијае врз количината на енергија која ја трошите и врз финансиските трошоци кои произлегуваат од тоа. Ова треба да се земе предвид при изработката на методологијата за набавка.

5.1 SERVICES

Most organizations routinely procure the services of other companies to help them with a variety of tasks.

Read more >>

5.2 Опрема

Кога се набавува опрема која троши енергија, треба да се испита потенцијалот за алтернативи со помала потрошувачка на енергија.

• Дали имате политика за набавка на нови и замена на постојни светилки и сијалици? Во рамки на проектите честопати се набавува најевтината опција и потоа тоа се заменува во текот на работењето.

Read more >>

5.3 Енергија

Набавката на енергија може да биде комплексна тема, особено на слободни и конкурентни пазари на енергија.
Главните принципи (зависно од потребите) за подобрување на вашата методологија за набавки се:
• Претходно истражување на потенцијалните добавувачи кои можат да ги задоволат вашите потреби за секој од бараните енергенси.

Read more >>

Our partners