Систем за управување со енергија

НАКРАТКО ЗА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА

Што претставува Системот за управување со енергија (EnMS)?

  • EnMS прикажува како организацијата управува со својот персонал, податоците за потрошувачка на енергија и технологијата за подобрување на енергетската изведба;
  • EnMS претставува примена на добри практики во секојдневните активности за намалување на потрошувачката на енергија;
  • EnMS претставува сет на бизнис-процеси со кои се обезбедува оптимална примена на расположливите ресурси и јасни улоги и одговорности на сите членови на персоналот;
  • EnMS опфаќа промени во менаџментот за управување на енергијата;
  • EnMS се заснова на круг за развој на вистинска посветенот во прифаќањето на потребата за промена и поддршка од врвниот менаџмент;
  • EnMS бара развој на сет планови за подобрување на изведбата;
  • EnMS има потреба од кохерентен пристап во спроведувањето на промените, проектите и другите иницијативи за подобрување на изведбата;
  • EnMS бара верификација на подобрувањата и проверка дека системот соодветно функционира;

 



Дополнителни информации за Системот за управување со енергијата

Мотивот за воведување на Систем за управување со енергија (анг. Energy Management System, EnMS), кој, најважно, ги задоволува барањата на стандардот ISO 50001, произлегува од Договорот од Париз за климатски промени од 2015 година (врска, https://unfccc.int/process-and-meetings/the-paris-agreement/the-paris-agreement), кој вклучува 195 земји во глобален акциски план за ограничување на зголемувањето на просечната глобална температура до 2 оС.

Воведувањето на EnMS е базирано на циклус на континуирано подобрување, одн. добропознатиот принцип Планирај – Направи – Провери – Делувај, со едноставна цел – енергетски и финансиски заштеди, со истовремено намалување на емисијата на стакленички гасови и намалување на изложеноста на променливоста на цената за енергија.

Даден интегриран EnMS им овозможува на владините институции, организации, претпријатија, јавниот и приватниот сектор, ефективно да ја следат и проверуваат потрошувачката на енергија, да ги детектираат можните подрачја на заштеда на енергија и намалување на трошоци. Воспоставен EnMS претставува сет на политики, процедури и бизнис-процеси спроведени со методолошки и организиран пристап со цел, општо, подобрување на енергетската ефикасност и олеснување на преминот кон алтернатива со ниска содржина на јеглерод. Системот за управување со енергија претставува сет на организациски и технички мерки спроведени со цел подобрување на енергетската изведба, базирано на континуирано следење и посветеност кон промени со цел постигнување долгорочни резултати.

 

Read more >>


 

Наши партнери