Проектните материјали за обуката на УНИДО

ISO 50001 е создаден врз основа на постоечките национални и меѓународни стандарди за управување со енергија, после средбата на претставниците на Меѓународната организација за стандардизација (анг. International Organization for Standardization, ISO) и UNIDO во април 2007 година, со структура слична на останатите ISO-стандарди за управување, базирани на добропознатиот пристап Планирај – Направи – Провери – Делувај.

Со оглед дека индустријата е единечен најголем извор на емисии на стакленички гасови, на околу една третина од глобалните емисии и една третина од глобалната потрошувачка на енергија, UNIDO го препозна потенцијалот за намалување на негативното влијание на климатските промени преку намалување на потрошувачката на енергија во индустрискиот сектор и зголемувањето на енергетската ефикасност. Ова бара систематски пристап во рамките на инцијалната нацрт-рамка, кој би ги покажал чекорите кон постигнување на целите на енергетска ефикасност.

Во 2011 беше публикувана првата верзија на ISO 50001:2011 Системи за управување со енергија – Барања со водич на употреба, разликувајќи се од другите стандарди за управување како ISO 14001 или ISO 9001 во исклучителниот фокус кон подобрување на енергетските перформанси и обезбедување детална рамка и поголем увид во нивото на енергетска ефикасност.

ISO 50001 стана основа на проектот “Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри расположливи практики и технологии во Македонија”, преку кој UNIDO поддржа неколку обуки во областа на системите за управување со енергија и оптимизација на енергетските системи во индустријата. Обуката се состоеше од теоретски и практичен дел, поддржана со различни електронски и печатени алатки, базирана на најдобрите практики и информации за меѓународните резултати и искуства.

Овие обуки резултираа со 42 акредитирани енергетски менаџери, со главна цел да ги пренесат стекнатото знаење и искуство во нивните компании или други претпријатија, институции и капацитети, а преку тоа да се подобри енергетската ефикасност во индустрискиот сектор, национално и глобално.

Во овој дел можете да најдете информации и материјали за обука за начелата на системите за управување со енергија и оптимизација на енергетските системи во индустријата.