Национални експерти за енергетска ефикасност квалификувани според методологијата на УНИДО

Целта на програмата на УНИДО за обука на експерти за Системи за управување со енергија (СУЕ) беше изградба на кадри на национални експерти за енергетска ефикасност кои располагаат со знаењето, вештините и алатките кои се потребни за спроведување на системи за управување со енергија во согласност со меѓународниот стандард ISO 50001:2018.

На крајот на експертската обука, кандидатите се стекнаа со следните познавања, експертиза и вештини

  • Свесност за стратешките предности од спроведувањето на СУЕ
  • Добро познавање на сите елементи од СУЕ во согласност со ISO 50001:2018 стандардот, како и на најдобрите практики за спроведување на истите
  • Добро познавање на процесот и најдобрите практики за мерење на енергетски перформанси
  • Свесност за потребните ресурси и трошоци кои произлегуваат од спроведувањето на СУЕ во индустриските претпријатија
  • Свесност за клучните пречки при спроведувањето на СУЕ и мерки за надминување на истите
  • Знаење и вештини потребни за спроведување на СУЕ во индустриските претпријатија
  • Знаење и вештини за спроведување на ревизија на СУЕ, верификување и известување за неговите енергетски перформанс
  • Способност за одржување на семинари и обуки на тема СУЕ и ISO 50001:2018
  • Познавање на релевантното законодавство и регулативи поврзани со спроведувањето на СУЕ во одредена земја
  • Познавање на опциите за финансирање на спроведувањето на СУЕ и проекти за енергетска ефикасност (ЕЕ) во одредена земја

Експертската обука за оптимизација на системи за компримиран воздух (ОСКЗ) / системи за пареа (ОСП) беше интензивна програма водена од страна на водечки меѓународни експерти за ОСКЗ / ОСП, која беше насочена кон консултантите за енергетска ефикасност, снабдуввачи на опрема и инженери од индустријата во земјата. Оваа обука ги снабди учесниците со длабински технички познавања за евалуација, корекција, подобрување и дизајнирање на индустриски системи за компримиран воздух / системи за пареа. Обуката исто така ги подготви експертите за идентификување и cost-benefit анализа на потенцијални мерки за подобрување на системот.

Националните консултанти и другите учесници беа обучени преку теоретска и практична работа и менторирање од страна на меѓународни ОСКЗ / ОСП експерти, и тие се стекнаа со стручноста, вештините и алатките потребни за давање на следните услуги:

  • Спроведување на енергетски оцени на системи за компримиран воздух / системи за пареа (во согласност со важечките ASME и ISO стандарди)
  • Помош и поддршка персоналот на претпријатијата при изработка и спроведување на проекти за оптимизација на системите за компримиран воздух / системите за пареа, и
  • Држење на ОСКЗ / ОСП кориснички обуки

Наши партнери