9. Идентификување на луѓето кои може да имаат значително влијание врз употребата на енергија

Во сите организации има одреден број на луѓе кои значително влијаат на користењето енергија. Тие луѓе треба да се идентификуваат и треба да се оцени нивниот степен на обученост и компетентност за да се обезбеди дека тие ја разбираат нивната улога и влијанието кое го имаат на употребата на енергија.

Тука може да спаѓаат:

  • Оператори на опрема или системи кои користат голема количина на енергија. Тие се обично во позиција да имаат директно значително влијание на користењето енергија преку начинот на кој ја користат опремата или процесите. Тоа се обично оператори на котли или други големи оперативни системи.
  • Оператори во погон, раководители и инженери.
  • Кадарот за одржување, вклучително и мајсторите и нивните шефови и инженери.
  • Кадар за обезбедување, чистење и безбедност при работа. Тие на просториите обично гледаат на поинаков начин и во различно време од другите вработени. Тие се честопати свесни за енергетските загуби вон нормалното работно време.
  • Луѓе кои може да извршат влијание на останатите вработени. Во оваа категорија спаѓаат раководители, надзори, лидери на тимови, итн. Важно е тие да ја разбираат својата улога од енергетска перспектива и да ја користат својата позиција за да вршат позитивно влијание на останатите во организацијата.

Откако ќе бидат идентификувани релевантните поедници, потребно е да се провери колку се запознаени со нивната улога во врска со користењето енергија. Онаму каде ќе се идентификуваат недостатоци во нивните познавања, потребно е да се испланираат, испорачаат и документираат релевантни обуки за да се отстранат тие недостатоци.