8. Разбирање на улогата на комуникацијата, контрола на документите и записите

8.1 Разбирање на улогата на комуникацијата, документите и записите

За ефективно раководење и функционирање на СУЕ неопходно е да се врши постојано документирање.  Подолу е наведена листа на вообичаени документи:

  • Енергетска политика
  • Енергетски преглед
  • Копии од енергетска контрола или извештаи од проценка
  • Општи и посебни цели и акциони планови
  • Планови за обука
  • Листа на критични оперативни параметри
  • Технички цртежи на системот и опремата вклучувајќи ги дијаграмите на процеси и инструменти и/или дијаграми за текот на процесот
  • Техничка спецификација на опремата
  • Спецификации за набавка на енергетска опрема
  • Индикатори на енергетски перформанси (ИЕП)
  • Основна (споредбена) енергетска состојба
  • Дневници на операторите
  • Записи за одржување и сервисирање
  • Записници од енергетски состаноци
  • Друго што е соодветно