8. Мерки со ниски трошоци за спроведување (за „домаќинско“ управување)

Мерките со ниски трошоци за спроведување значат домаќинско управување со средствата на вашата компанија, во конкретниот случај со енергијата. Овие мерки повеќе се темелат на здравиот разум и познавање на техниката и технологијата, отколку на високи технологиии или на крупни зафати.

Мерките за домаќинско работење лесно се спроведуваат и вообичаено се (речиси) без никаков трошок! Периодот на поврат е екстремно краток, а заштедите се гледаат веднаш. Главната пречка за нивно спроведување е најчесто отпорот кон преиспитување на тековните практики кон извршување на неопходните промени.

Праксата покажува дека во многу претпријатија заштедите на енергија кои може да се постигнат само со домаќинско работење сочинува 25 до 50 проценти од вкупниот потенцијал за заштеда на енергија. Во вкупниот потенцијал за заштеда на енергија спаѓаат и поскапи мерки и промени во енергетската инфраструктура или производствените процеси.

За да утврдите дали во вашата организација може да се спроведат мерки за домаќинско работење, можете да си ги поставите следните прашања за секој уред кој користи енергија:

  • Дали морам да го користам овој уред или систем?
  • Што можам да направам за да користи помалку енергија?
  • Дали можам да направам да се користи поевтина форма на енергија?

Резултатите од домаќинското работење се:

  • Елиминирање непотребна потрошувачка на енергија и минимизирање на енергетските загуби.
  • Вообичаено, исто така подобрени оперативни процедури (од кои може да имаат корист и вашите производствени процеси).
  • Оптимизирано производствено ниво (зголемена ефикасност = помалку енергија по единица производ).
  • Намалени трошоци за енергија.