7.2 Градење на организациска свесност

Важно е сите вработени лица и подизведувачи во рамки на организацијата да бидат свесни за посветеноста на организацијата за подобрување на енергетските перформанси. Многу организации спроведуваат и обуки за подигање на свеста на персоналот за важноста на управувањето со енергија и намалувањето на трошоците за енергија.