7. Воспоставување на структура за спроведување на СУЕ и градење на организациска свесност

7.1 Воспоставување на структура за спроведување на СУЕ

За спроведување на успешен СУЕ, потребно е да се достигне одредено ниво на развиеност на планирањето и проектното управување.

На самиот почеток, планот треба да вклучува колку што е можно поедноставен СУЕ. Комплексноста може да се додава со искуството во наредните години.

Имајте предвид дека примената на СУЕ не е проект кој има крај; тоа е континуиран процес на управување.