6. Индикатори на енергетски перформанси и влијание на (надворешни) фактори

Како идеален метод за поставување и следење на ИЕП се смета линеарната регресиона анализа на потрошувачката на енергија во однос на влијателните фактори. За да се види подобрување на енергетските перформанси, косината на регресионата линија и/или пресекот со Y-оската треба да се намалува.

Графичкиот приказ на постигнатото подобрување на енергетските перформанси е многу корисна алатка за добивање посветеност од страна на раководството, кое сака да види јасни резултати и поврат на инвестицијата од преземените мерки. Кога приказот на енергетските перформанси е оптеретен од други детерминанти врз кои не може да се влијае, прикажаните резултати даваат лажна слика. Доколку може да се разграничи влијанието врз енергетските перформанси на мерките од влијанието од страна на надворешни фактори кои не може да се контролираат, тоа ќе помогне да се одржи посветеноста на раководството.

Во многу организации постојат надворешно наметнати барања во однос на потрошувачката на енергија. Тука спаѓаат националните и локалните закони, корпоративните политики или барањата на клиентите. За ефективно да се управува со енергијата потребно е организацијата да ги земе предвид овие барања.

Се препорачува таквите услови и барања да бидат редовно ревидирани (на пример на секои шест месеци) и да се изработат планови за постапување согласно со таквите барања.
На пример, може да биде потребно да испраќате редовни извештаи за потрошувачката на енергија за целите на корпоративното управување. Одредени клиенти може да побараат документација за вашиот пристап кон управување со енергија и јаглеродни емисии. Преку составување на листа на сите овие барања, ќе биде многу полесно да се постапува согласно со истите, и исто така ќе се олесни планирањето на изработката на извештаите со слична содржина наменети за разни надлежни органи. За оваа цел може да го користите соодветниот работен лист од СУЕ Алатникот.