6. Дефинирање на енергетска политика

Објавата на енергетска политика претставува официјален документ со кој највисокото раководство ја покажува својата посветеност и поддршка за системот за управување со енергија и континуирано подобрување на енергетските перформанси.

За политиката е потребно да се обезбеди следното:

  • Потребно е да биде соодветна на природата и степенот на користење енергија во организацијата
  • Потребно е редовно да се прегледува и ажурира за да се задржи нејзината релевантност.
  • Потребно е да им се соопшти на сите вработени и на сите изведувачи дека највисокото раководство е посветено на системот за управување со енергија.

Политиката треба ги содржи следните заложби:

  • Посветеност на континуирано подобрување на енергетските перформанси преку развој и остварување на релевантните општи и посебни цели.
  • Посветеност на обезбедување на ресурсите кои се потребни за да се постигнат енергетските општи и посебни цели.
  • Посветеност на преземање на мерките кои се неопходни за да се оствари подобрување на перформансите.
  • Посветеност на постапување согласно сите законски и други барања кои се применливи на активностите на организацијата кои употребуваат енергија.

Поддршка за набавка на енергетски ефикасни производи и услуги таму каде тоа е економски остварливо.

Пример за енергетска политика