5.3 Енергија

Набавката на енергија може да биде комплексна тема, особено на слободни и конкурентни пазари на енергија.

Главните принципи (зависно од потребите) за подобрување на вашата методологија за набавки се:

  • Претходно истражување на потенцијалните добавувачи кои можат да ги задоволат вашите потреби за секој од бараните енергенси.
  • Изработка на детални профили за користењето енергија од секој енергенс. Тоа ќе биде од помош при проценка на трошокот за секој тип на енергија од секој добавувач.
  • Побарајте понуда од секој потенцијален добавувач за истиот проектиран профил. Тоа ќе послужи како основа за споредба со останатите добавувачи.
  • Во покомплексни ситуации, може да биде потребно да се обезбеди стручен консултант во поддршка на вашите заложби.