5.2 Неусогласености, корекции, корективни и превентивни мерки

Неусогласеност се дефинира како неуспех да се исполни конкретно барање или услов.

Процесот на корегирање, корективни и превентивни мерки е начин да се поправат било кои отстапувања од барањата.

Термините кои се користат во овој процес се дефинирани на следниот начин:

  • Неусогласеност: неисполнување на услов;
  • Корекција: активност за елиминација на откриена неусогласеност;
  • Корективна мерка: активност за отстранување на причината за откриената неусогласеност;
  • Превентивна мерка: активност за отстранување на причината за потенцијалната несообразност

Начин на кој може да се управува со корекциите, корективните и превентивните мерки:

  • Направете листа на секоја мерка според изворот – проверка, инспекции, оценка на усогласеност, итн.;
  • Опишете ја неусогласеноста или потенцијалната неусогласеност накратко;
  • Идентификувајте ги локациите на кои се појавила неусогласеност;
  • Идентификувајте ги одговорните лица за дадената област;
  • Идентификувајте ја причината за неусогласеност;
  • Идентификувајте го одговорното лице за реализирање на корекциите, корективните и превентивните мерки;

Идентификувајте го договорениот датум за завршување на корективната мерка;