5. Одредување на процедури за набавка и спецификации при купување на опрема

Процесот на набавки во вашата организација значајно влијае врз количината на енергија која ја трошите и врз финансиските трошоци кои произлегуваат од тоа. Ова треба да се земе предвид при изработката на методологијата за набавка.

5.1 Услуги

Повеќето организации редовно ангажираат услуги од други компании кои им помагаат при вршењето на разни задачи. Тука спаѓаат:

  • Компании за одржување на ЗПЕ.
  • Консултанти за енергетска ефикасност.
  • Проектни раководители и проектанти

Кога се прави избор на овие услуги, корисно е да се оценат нивните познавања од областа на енергетската ефикасност. Заштедата на трошоци за енергија може да ја надмине заштедата постигната со ангажирање на најевтиниот давател на услуга.