5. Индикатори за енергетски перформанси (ИЕП) (ER5 ИЕП работен лист во СУЕ алатникот)

Индикаторите на енергетски перформанси покажуваат дали се исполнуваат специфичните цели за енергетски перформанси. Највообичаениот и наједноставниот индикатор за енергетски перформанси е сообразноста со финансиските буџети. Еден едноставен индикатор на енергетски перформанси е преглед на годишниот тренд на користењето енергија.

Идеално е да имате најмалку по еден збирен ИЕП за секој извор на енергија (електрична енергија, горива, итн.) како и по еден ИЕП за секој од значајните потрошувачи на енергија (ЗПЕ).

Важно е овие индикатори да се одредат за време на фазата на планирање, за да можете да ги следите во текот на фазата на проверка. Откако ќе почнете да ги користите, може да биде потребна модификација на индикаторите за да се подобри нивната делотворност во однос на прикажување на резултатите од преземените мерки.

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ! Главната цел на системот за управување со енергија е подобрување на енергетските перформанси и постојано подобрување на истите во иднината.

Едноставни соодноси

Пример за едноставен сооднос кој често се применува и обично не е од голема корист е Специфичната потрошувачка на енергија (анг. SEC) на разни погони. На пример, во примена е SEC за компримиран воздух во однос на kWh/Nm3 произведен воздух. Тоа може да доведе до погрешен заклучок. На пример, ако извршиме поправка на протекувањата или ја намалиме нашата потрошувачка на воздух, речиси секогаш ќе се зголеми SEC. Оттаму, порастот на SEC може да биде истовремено индикатор за подобрување или влошување на енергетските перформанси. Примената на оваа методологија ни го одврати вниманието од навистина корисните индикатори за енергетски перформанси. Дури и едноставните годишни трендови на потрошувачка на енергија се честопати покорисни.