Успешното спроведување на систем за управување со енергија зависи од посветеноста и напорите на целокупниот кадар на сите нивоа на организацијата. Во текот на фазата на планирање се идентификуваат луѓето кои директно и индиректно влијаат врз потрошувачката на енергија во организацијата и потребите за обучување на истите.
За секое од работните места кои се идентификувани, направете листа на улоги и одговорности во однос на СУЕ, започнувајќи од највисокото ниво на раководството и продолжувајќи низ целата организација.
Важно е јасно да се дефинира кој има овластувања за кои елементи на СУЕ. Така ќе се избегне било каков судир или недоразбирање.