4. Проектирање за енергетска ефикасност

Многу е полесно и поевтино да се вградат добри енергетски перформанси во нов процес или фабрика од самиот почеток отколку тие отпосле да се модифицираат. Најважно е да се преиспита спецификацијата и обемот на опремата или процесот кој што се бара уште на самиот почеток.

4.1 Енергетски ефикасно проектирање (EEП)

Следните чекори може да се следат како дел од систематски пристап кон EED.

Чекор Опис
Преиспитување на енергетската услуга Од особена важност е корисничката спецификација за енергетската услуга да биде точна и да не е предимензионирана. Енергетската услуга е активност која е потребна, на пр. осветлување или чистење. На пример: колкав притисок од пареа е потребен? Дали е потребна пареа? Кој притисок на компримираниот воздух е потребен? Колку промени на воздух се потребни во одреден временски интервал? Вреди да се вложи енергија во овој чекор бидејќи тоа е основа за сите понатамошни одлуки.
Поддршка за воспоставување на оперативна контрола Правилна оперативна контрола на целиот систем е од клучна важност за ефикасното работење. Во текот на раната фаза на дизајн, важно е да се разгледа оперативната контрола. Примери за тоа се: дали може да се компензира за варијациите во оптеретувањето? Дали може да се постави посебен ноќен режим на работа и режим на работа за викенди? Дали има локални прекинувачи така што може да се исклучи опремата кога не се употребува? Дали опремата може да се одржува и дали е пристапна? итн.
Проектирање и преиспитување на системот за дистрибуција Како ќе се дистрибуира услугата до корисниците? Дали е адекватна изолацијата за конкретната функција? Дали се потребни посебни мерки на претпазливост за да се минимизира ризик од протекување како на пример целосно заварени цевководи? итн.
Проектирање  и тестирање на системите за генерирање Еден од последните чекори е да се определат правилни спецификации и да се проектира опремата за генерирање на енергија како што се котли, чилери, пумпи, воздушни компресори, итн.
Проектирање и преиспитување на контролите Да се обезбеди дека автоматизацијата е колку што е можно поедноставна за да биде совладана од страна на инженерскиот и оперативниот кадар.