4. Основна состојба

Целта на основната состојба е да се воспостави споредбена вредност за мерење на подобрувањата на енергетските перформанси. Наједноставно кажано, основната состојба ја претставува вкупната потрошувачка на електрична енергија и други горива во текот на годината пред да се спроведе СУЕ. Предноста на тоа е дека идната потрошувачка едноставно се споредува со потрошувачката во годината за која е определена основната состојба. Недостаток е тоа што притоа не се земаат предвид факторите кои влијаеле врз потрошувачката. На пример, може да имало значително зголемување или намалување на производството кое влијаело врз вкупната потрошувачка на енергија и не станува збор за подобрување или влошување на енергетските перформанси.

НАПОМЕНА: специфичната потрошувачка на енергија (потрошена енергија по единица производ) не е соодветна мерка за формирање на основната состојба. Во голем број на организации постои високо основно оптоварување на енергија или пак сложена структура на производи. Кога станува збор за организации со високо основно оптоварување, стапката на производствена активност има големо влијание на овој индикатор, т.е. ако се зголеми производството, специфичната потрошувачка се намалува и навидум се остварува подобрување на енергетските перформанси, а тоа не е случај.

Во оваа методологија, основната состојба најсоодветната права линија која е подеднакво оддалечена од точките што се наоѓаат под и над неа на графикот од регресионата анализа на влијателните фактори наспроти потрошувачката на енергија. Како што ќе се подобруваат енергетските перформанси, оваа линија ќе оди надолу.