4. Назначување на претставник на раководството, улоги, одговорности и овластувања

4.1 Назначување на претставник на раководството

Претставникот на раководството е одговорен за воспоставување, спроведување и подобрување на системот за управување со енергија и на него/неа му/ѝ се доделуваат соодветни овластувања и неопходни ресурси за успешно да ја оствари задачата.

Претставникот на раководството треба да ги има следните минимални одговорности:

  • Спроведување на системот за управување со енергија;
  • Известување на највисокото раководство за перформансите на системот за управување со енергија и за енергетските перформанси на организацијата;
  • Формирање на тим за управување со енергија;
  • Планирање и насочување на активностите за управување со енергија.

Претставникот на раководството траба да ги поседува следните вештини и квалификации:

  • Комуникациски вештини, односно одржување врски, преговори и консултации, водење состаноци и тимски активности;
  • Докажано искуство во раководење со проекти;
  • Разбирање на трошоците за енергија;
  • Познавања од областа на енергетската ефикасност и технологиите за енергетска ефикасност;