3.2 Методологија за определување на ЗПЕ

Постојат одреден број на начини за идентификување и вреднување на ЗПЕ, а од голема помош е работниот лист ER3 ЗКЕ од СУЕ Алатникот:

 

Доколку имате поставено броила на сите или на некои од изворите на енергија, тогаш тие мерачи ќе може да ви дадат покомплетна слика.

Во процесот ќе наидете и на можности за подобрување на мерењето, како на пример постоење на броило за вкупна потрошувачка на електрична енергија, но не и за гориво.

Доколку немате помошни броила на точките каде што се наоѓаат значајните потрошувачи на енергија, што е чест проблем, потребно е да се изврши проценка на потрошувачката и потоа да се сумираат проценките од различните потрошувачи на енергија. Ако оптоварувањето на потрошувачот е стабилно, тогаш повремени проверки со преносен мерач на моќност ќе овозможи прецизни проценки.

Употребата на амперметар за проценка на моќноста е значително понепрецизна заради варијациите на факторот на моќност.

 

Преку сумирање на податоците од сите значајни потрошувачи се согледува за колкав дел од потрошувачката на енергија е свесна компанијата. Покрај моторите, еден од најчестите други извори на потрошувачка на енергија е осветлувањето. Некои процеси користат електрична енергија за загревање, и доколку тоа е случај треба да се истражат алтернативи. За некои производствени процеси нема алтернативи на загревањето со електрична енергија. Истата методологија може да се користи за определување на значајноста на разните употреби на топлина.

Клучни елементи кои треба да се запазат:

  • Кои променливи влијаат врз употребата на значајните потрошувачи на енергија? Дали е тоа производството, временските услови, присуството на персонал, итн.?
  • Откријте кои лица влијаат врз овие активности и проверете дали тие се соодветно обучени за управување и одржување на тие активности. Оваа активност потоа ќе даде информации за подготовка на плановите за обука на целиот релевантен кадар.
  • Документирајте ги критичните оперативни параметри за секој ЗПЕ. СУЕ алатникот вклучува работен лист (ER6 Critical Op Param) со пример за критични оперативни параметри за разни ЗПЕ.
  • Утврдување споредбена вредност за потрошувачката на енергија. Поставување на индикатори за енергетски перформанси за секој ЗПЕ. Притоа, повторно треба да се земат предвид влијателните фактори.
  • Идентификување на можности за намалување на потрошувачката на енергија за секој од ЗПЕ.
  • Утврдување на општи и посебни цели за секој ЗПЕ.
  • Доколку немате идентификувано можности за подобрување на енергетските перформанси за одреден ЗПЕ, треба да направите подетален преглед на податоците за тој ЗКЕ со цел да се идентификуваат можности. Овој детален преглед треба да го разгледа целиот систем од кој се состои тој ЗПЕ со примена на техники како што е системската оптимизација.

Основно оптоварување е термин кој се однесува на потрошувачката на енергија која не се користи за конкретни активности т.е. која не врши никаква полезна работа. Причините за високо основно оптоварување се многубројни и најразлични, но меѓу нив спаѓа оставање на компресори вклучени кога не се користи компримиран воздух, светилки, компјутери, вентилатори, системи за воздух, пумпи итн.