3. Утврдување на опсег и граници

Неопходно е да се дефинира што ќе биде опфатено со системот за управување со енергија (СУЕ). На пример:

  • Дали треба да се вклучат сите објекти на капацитетот?
  • Дали треба да се вклучат сите фабрики на организацијата?
  • Дали се вклучени сите оддели?
  • Дали се вклучени сите процеси?
  • Дали се вклучени сите извори на енергија?
  • Дали е вклучен транспортот?
  • Дали е вклучено управувањето со вода? Иако водата не е извор на енергија, управувањето со неа е многу слично на управувањето со енергија и многу организации одбираат тоа да го прават со истиот систем. Истото важи и за други агенси, како што е на пример азот или други.

Откако ќе се одлучи за опсегот и границите, потребно е тоа да се документира.