3. Спроведување на акциски планови

Како дел од спроведувањето на СУЕ на дневна основа треба да се проверува дали точките кои се на ред за завршување од акцискиот план се предвидени, завршени и дали е потврдено дека се извршени според планираното.

Причините за неуспех во реализирање на активностите се многубројни и разновидни, но тука се наведени некои проблеми кои често се појавуваат:

  • Недостиг на реална посветеност на раководството што може да доведе луѓето да не бидат реално фокусирани на завршување на доделените задачи.
  • Отсуство на соодветна техничка способност.
  • „Премногу сум зафатен и имам други приоритети” е показател за отсуство на реална посветеност на раководството, ако тоа е прифатлив одговор за доцнењето.
  • Недостиг на финансии.
  • Недостиг на комуникација и разбирање на очекувањата.