3. Методологија за определување на значајните потрошувачи на енергија

3.1 Определување на значајните потрошувачи на енергија

За да се идентификуваат значајните потрошувачи на енергија (ЗПЕ), потребно е да се знае точно колку енергија користи секој процес или систем. Најчесто нема поставено посебен мерач за повеќето или за сите значајни потрошувачи. Во тој случај, потребно е да се најде начин за проценка на нивната потрошувачка и оваа активност треба да се спроведува посебно за секој извор на енергија кој се следи, на пр. за електрична енергија и за секој тип на гориво.

Доколку правилно се разбере динамиката на потрошувачка на енергија во рамки на системот, тоа ќе доведе до оптимална заштеда на енергија. Постојат многу расположливи техники за анализа на енергетските податоци и за генерирање на корисни информации. Некои од позначајните се: табели, пита-графикони, графикони со столбови, повеќегодишни споредби, мапирање на процеси и енергетски биланси се.