3. Калибрација на инструменти

За веродостојно следење и мерење, опремата која се употребува треба да дава прецизни податоци. Грешка од еден степен целзиусов во температурата на испарување на еден ладилник може да предизвика 3 процентна варијација во користењето енергија.

Кога се определува прецизноста на системот за мерење може да се направи едноставна анализа на ризик:

  • Како ќе знам дека тековно се следат ИЕП и критичните параметри?
  • Како ќе знам дали мерачите се прецизни?
  • Од инструментите кои се во употреба, кои се најзначајни?
  • Дали доколку инструментот не е навремено калибриран, тоа може значително да се одрази на резултатите од мерењата?
  • Која е веројатноста значаен инструмент да излезе од калибрација?
  • Дали е можно да се потврди прецизноста на мерачите со користење на податоци од други мерачи и вклучување на податоците од сметките за комуналии и електрична енергија?

Откако оваа анализа ќе се изработи, може врз основа на тоа да се определи кои инструменти бараат најинтензивно одржување и калибрација.