2.3 Компетентност

Раководството на организацијата/компанијата/институцијата има одговорност да обезбеди дека сите луѓе кои работат за неа се компетентни за да ги извршуваат своите улоги и задачи врз основа на соодветни критериуми за образование, обученост, вештини или искуство.

Исто така, раководството треба да се погрижи надворешните ангажирани лица и давателите на услуги да бидат компетентни во тие области кои можат да влијаат врз вашите енергетски перформанси. Тоа може да се постигне преку проверка на информациите од кусите биографии или преку поставување на одредени услови и барања во текот на тендерскиот процес или во текот на изборот на добавувачот.