2.2 Обука

Сите вработени кои управуваат со ЗПЕ треба да бидат обучени за сите оперативни процедури или практики кои влијаат врз извршувањето на нивните работни задачи а особено оние кои влијаат врз енергетските перформанси. На пример, операторите на котлари мора да бидат обучени за разните оперативни параметри кои треба да ги контролираат и коишто влијаат на ефикасноста на котлите, како што се вкупно растворени цврсти материи, притисок во котелот, поставки за согорување, итн.

Конкретни теми за обука на лицата кои со потенцијал значително да влијаат врз потрошувачката на енергија:

  • Критични оперативни параметри за нивните процеси.
  • Оперативни методологии или процедури за нивните процеси.
  • Последиците доколку не се придржуваат тие критериуми или процедури.

Потребно е да се води документирана евиденција за сите завршени обуки.