2. Мерење, следење и анализа

2.1 Следење и мерење

Клучните карактеристики на еден систем за управување со енергија мора да се следат и мерат. Во тие клучни карактеристики спаѓаат:

  • Резултатите од енергетското планирање, вклучително и акционите планови.
  • Релација помеѓу значајните корисници на енергија (ЗКЕ) и движечките фактори.
  • Индикатори за енергетски перформанси (ИЕП).
  • Ефективност на акционите планови во постигнувањето на целите и таргетите.
  • Следење на ефективноста на оперативната контрола.

При воспоставувањето на системот за набљудување и мерење, организацијата треба да одговори на следните прашања:

  • Како ќе се мери и евидентира употребата на енергија од страна на ЗКЕ?
  • Кој ќе биде одговорен за следење, мерење и анализа?
  • Како можам да ги поврзам движечките фактори кои ги следам со енергијата што ја употребувам?
  • За потребите на моето работење колку често треба да вршам набљудувања?

Следењето и мерењето автоматски не подразбираат мерачи за енергија. Не е неопходно да се инсталираат мерачи за енергија на целата машинерија, опрема или цела производствена линија.

Следат примери за енергетски инструменти кои може да се следат:

  • Мерачи на електрична енергија
  • Мерачи на проток на пареа
  • Мерачи на притисок на кондензатори
  • Мерачи на температура на просторијата

За да се утврди исплатливоста на употребата на мерачи, трошокот треба да се спореди со проценетата заштеда на трошоци за енергија. Трошоците за мерење се состојат од трошоци за: проектирање, набавка, инсталација, ракување и одржување и калибрирање на мерачите, складирање и анализа на добиените податоци.

Алтернативен начин за следење и мерење на потрошувачката на енергија, наместо поставување на фиксни мерни инструменти, е користењето на рачни мерачи.