2.2 Градење на деловни аргументи во полза на спроведување на СУЕ

Одлука за воведување на систем за управување со енергија ќе биде донесена само доколку највисокото раководство е убедено дека има придобивки од подобрувањето на енергетската состојба.

Доколку се состави комплетна аргументација во полза на спроведувањето на СУЕ и се утврди актуелната состојба во однос на потрошувачката на енергија, тоа дава појдовна точка за развивање на политика за управување со енергија. Неопходните информации за разработка на деловните аргументи се следните:

  • Вкупната количина на потрошена енергија, поделена на горива и електрична енергија
  • Цени на горивата и електричната енергија
  • Податоци за производството за да се знае стапката на раст или намалување во иднина
  • Доколку има релевантни референтни податоци за секторот во кој делува организацијата, тие може да бидат доказ дека подобрувањата можат да се направат.

Кон деловните аргументи треба да се придружи и проценка на потенцијалното подобрување на енергетската ефикасност и заштедата на енергија и соодветното зголемување на оперативната профитабилност. Исто така, треба да се вклучи и проценка на трошоците за спроведување во однос на човечките, финансиските и техничките ресурси.