2.2 Анализа (следење и одредување на таргети)

Анализата ги трансформира податоците во корисни информации врз основа на кои се преземаат мерки. Во голем број на околности, стандардните табеларни прикази се сосема соодветни. Може да се исцртаат разни графикони, на пример CUSUM графиконот ја претставува разликата помеѓу основната состојба и податоците за реалната потрошувачка на енергија во периодот за кој се одредува основна состојба.