2. Прибирање и анализа на енергетските податоци

Евиденцијата на потрошувачката на енергија опфаќа внесување на месечните сметки за енергија на месечна основа – овде спаѓаат електричната енергија, горивата и другите извори идентификувани во текот на енергетската контрола извршена врз основа на податоци од (најмалку) последните две години, внесени во Алатникот за СУЕ (работниот лист ER1). Овој работен лист може да се прилагодува во зависност од потребите на компанијата. Работниот лист ER1 се користи за анализа на трендовите, од кои може да се идентификуваат можности за намалување на потрошувачката на енергија.