2. Обезбедување на посветеноста од највисокото раководство и Бизнис Случај

2.1 ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОСВЕТЕНОСТА ОД НАЈВИСОКОТО РАКОВОДСТВО

За системот за управување со енергија да биде делотворен, од пресудна важност е да постои целосна посветеност од страна на највисокото раководство на организацијата. Таа посветеност може да се искаже преку потпишување на енергетска политика.

За да се обезбеди целосна посветеност и поддршка, важно е да се убеди највисокото раководство дека постоењето на систем за управување со енергија (СУЕ) е предност за организацијата (енергетска заштеда, заштеда на финансиски средства, итн.). Претставувањето на деловните аргументи во полза на спроведувањето на систем за управување со енергија има за цел да помогне во обезбедувањето поддршка од највисокото раководство. Тоа може биде надополнето со убедливи податоци и информации за трендови во користењето на енергија, трошоци за енергија, итн.

Фазата на градење на посветеност вклучува редовно поднесување извештаи за напредокот од воведувањето на СУЕ до управителите кои се вклучени во спроведувањето на системот. Минималните барања за да се покаже посветеност од највисокото раководство се:

  • Воспоставување на енергетска политика;
  • Назначување на претставник на раководството и дополнителен персонал за воспоставување и примена на СУЕ;
  • Обезбедување ресурси како: време, буџет, итн.;
  • Подготовка, договарање и соопштување на сите улоги, одговорности и овластувања кои ќе се применуваат за секоја задача вклучена во развојот, воведувањето и функционирањето на СУЕ;
  • Подигнување на свесноста за важноста на управувањето со енергија во организацијата;
  • Поставување на енергетски општи и посебни цели;
  • Носење секојдневни одлуки потребни за подобрување на енергетските перформанси;
  • Презентирање на напредокот на СУЕ пред раководството.