2. Градење на компетентност и свесност на персоналот

Потребно е сите лица влијаат врз енергетските перформанси, а особено оние кои може да влијаат на перформансите на вашите ЗПЕ да бидат соодветно компетентни и свесни за нивните улоги. За тоа да се оствари потребно е соодветно да се обучат.

Спроведувањето на оваа обука е честопати најнапорната активност при спроведувањето на функционален СУЕ во однос на времето кое треба да го одвојат вработените за посета на обуката и во однос на трошоците за ангажирање на обучувачите.

2.1 Свесност

Сите вработени и вршители на услуги треба да бидат свесни за насоката на организацијата кон подобрување на енергетските перформанси. Ова може лесно да се постигне со тоа што енергетската политика ќе биде видливо истакната, а на вработените ќе им бидат доставувани редовни известувања за остварениот напредок.

Секој треба да ја разбира својата улога, одговорност и овластување во однос на СУЕ.