11. Изработка на акциони планови

Целта на овој дел е да се преточи целата подготвителна/планирачка работа во акциони планови за претстојниот период, вообичаено од една година. Тие планови ќе претставуваат основа за активностите за заштеда на енергија. Забележете дека акционите планови не се целосно листи на технички инвестициски проекти и ќе вклучуваат активности за домаќинско управување и организација.

Акциониот план е конкретна акција која се презема за да се подобрат енергетските перформанси. Постапувањето во овој контекст подразбира активности кои ќе ги завршите во претстојниот период.

Во рамки на акциските планови треба да ги проверувате остварените заштеди од комплетираната активност и по потреба да ги ревидирате или од нив да изведете понатамошни можности за заштеда или подобрувања. Потребните напори за проверка на остварните заштеди ќе зависи од обемот и сложеноста на можноста за заштеда. Дополнителен усложнувачки фактор кај проверката на заштедите е тоа што потребно е да се одделат ефектите на мерката од ефектите на надворешните фактори кои влијаат врз потрошувачката на енергија.

Критериуми за поставување приоритет на ставките во акциониот план:

  • Законски барања
  • Низок ризик, ниски трошоци
  • Ставка со голема видливост која може да ја подигне свесноста за програмата во рамки на организацијата, на пр: осветлување иако тоа не е ЗПЕ.
  • Други ставки кои влијаат на одлуките вклучувајќи го отпорот од акционерите, технички можности, специфични цели, полесно спроведување, итн.