10.2 Посебни цели

Посебните цели треба да го поддржуваат остварувањето на општите цели, т.е. секоја општа цел веројатно ќе има одреден број на посебни цели кои се поврзани со неа. Пример за посебна цел со која се поддржува општата цел за обука спомената погоре би бил „да се обучат пет оператори за енергија за ладење до крајот на октомври”. Тоа е конкретно, мерливо, остварливо, релевантно и временски определено.