1.3 Управување

Начинот на кој се управува со опремата и процесите кои користат енергија може значително да влијае врз енергетските перформанси.

За секој ЗПЕ треба да има попис на критични оперативни параметри изработен во текот на фазата на планирање. Потребно е да постои разбирање и придржување до тие параметри.

Непознавањето на принципите на работа на контролниот систем честопати резултира со тоа што опремата се управува преку рачна контрола.

Оперативните параметри кои влијаат на потрошувачката на енергија треба да се евидентираат. Тие треба редовно да се прегледуваат од страна на обучено лице.

Она што овде се кажува е дека луѓето кои управуваат со ЗПЕ треба да го разбираат своето влијание врз потрошувачката на енергија и ефектот од нивните постапки врз енергетските перформанси на организацијата. Овие луѓе се без исклучок меѓу најважните во организацијата од енергетски аспект и честопати тие не се обучени за енергетските аспекти на нивното работно место.