1.2 Воспоставување на оперативни контроли

Во оваа фаза се управува со опремата која употребува енергија и каде честопати постои голем потенцијал значително да се влијае на енергетските перформанси на организацијата. Многу организации претпоставуваат дека доколку купат енергетски ефикасна опрема дека автоматски и нивното работење ќе биде енергетски ефикасно. Но, многу пати е утврдено дека тоа не е така. Всушност, во многу случаи кога добро се управува со помалку енергетски ефикасна опрема значи помала потрошувачка на енергија, отколку енергетски ефикасна опрема со која лошо се управува.

Од најголема важност е со сите значајни потрошувачи на енергија (ЗПЕ) да се управува и да се одржуваат на енергетски најефикасен можен начин. Оваа област е многу често занемарена.