1. Одредување на функционалноста на системот

ПроверкаДали ги подобрувате перформансите и заштедувате енергија или не? Ако не, зошто и што треба да направите да го подобрите тоа.

Во оваа фаза, се проверува какви се проектираните подобрувања во реалноста како на системот, така и на енергетските перформанси во целост. Накратко, оваа фаза на проверка се состои од следните клучни елементи кои треба да дадат одговор на следните прашања:

  • Набљудување, мерење и анализа: „Дали енергетските перформанси на организацијата навистина се подобруваат?”
  • Оценка на законската/друга усогласеност.
  • Внатрешна проверка: „Дали СУЕ на организацијата функционира според потребното и утврденото?”
  • Неусогласеност, корекции, корективни и превентивни мерки: „Дали организацијата презема соодветни дејствија при појава и потенцијална појава на неусогласност?”

Контрола на записи: „Дали организацијата може да ја докаже усогласеноста со барањата на нејзиниот систем за управување со енергија?”