1. Внатрешна проценка

Еден од првите чекори кој треба да се превземе кога се воведува систем за управување со енергија во рамки на организацијата е да се провери тековното ниво на управување со енергија во истата. Целта на таквата внатрешна проценка е да се идентификуваат главните приоритети на организацијата во однос на процесот на спроведување.

 

Клучните прашања што треба да се одговорат се:

  • Дали највисокото раководство е свесно дека може да се постигне значителна заштеда на трошоците за енергија преку едноставни и евтини мерки без неопходност од финансиски инвестиции?
  • Дали највисокото раководство е посветено на намалување на трошоците за енергија?
  • Дали се идентификувани улогите, одговорностите и овластувањата за сите лица кои имаат влијание на значајните потрошувачи на енергија (ЗПЕ)?
  • Дали значајните потрошувачи на енергија се идентификувани и документирани?