Корисничка обука за оптимизација и преглед на системи за компримиран воздух
Системите за компримиран воздух се застапени во речиси секоја производствена компанија. Искуствата во светот покажаа дека токму кај овие системи се возможни најголеми заштеди со мали инвестиции и без поврат на вложените пари. Во текот на Ноември 2017 година беше одржана обука за корисници на компримиран воздух која ја слушаа ЏЏ учесници. Поради големиот интерес, обуката повторно ќе се одржи. Во рамките на проектот “Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии во Република Македонија”, Ве повикуваме да учествувате на обуката која ќе се одржи во текот на месец Мај/ Јуни. Обуката е во организација на РЕЦ Македонија, со финансиска подршка од GEF и UNIDO.
Обуката ќе се одржи online и е бесплатна за учесниците.
Обуката трае 3 дена, од 8.00h – 14.00h, со паузи од 30 минути во 10.00h и 12.00h.
1 ден. Снабдувачка страна на системите: уреди за генерирање на компримираниот воздух и трошоци за производство на компримиран воздух
2 ден. Третман и дистрибуција на компимираниот воздух, потрошувачи
3 ден. Оценка и подобрувања на системите за компримиран воздух
Понудени се 6 термини за обуката за кои компаниите може да гласаат. Согласно гласовите, од нив ќе бидат избрани 3 дена во кои ќе се одржи обуката. Предлог-термини за обуката може да бидат доставени најдоцна до петок, 4 јуни 2021 година.
Датум | Денови |
10 јуни | Четврток |
15 јуни | Вторник |
17 јуни | Четврток |
22 јуни | Вторник |
24 јуни | Четврток |
29 јуни | Вторник |
За учество во обуката се повикуваат компаниите од сите сектори со инсталирана силина на системите за компримиран воздух од 50 kW или повеќе. Од секоја компанија може да се пријават по 2(3) слушатели.