Корисничка обука за оптимизација и преглед на системи за компримиран воздух

Повик за учество

 

“Поттикнување на пазарна трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестиции во најдобрите достапни технологии и практики во ПЈРМ”

Организацијата на обединетите нации за индустриски развој (УНИДО), во соработка со Минисерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија, Агенцијата за енергетика и Развојната банка на Северна Македонија отпочнаа со спроведување на проектот „Поттикнување на пазарна трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестиции во најдобри технологии и практики во ПЈРМ“ во 2015та година.

Проектот е во најголем дел финансиран од страна на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), раководен од страна на УНИДО и заеднички спроведуван од страна на УНИДО и македонската канцеларија на Регионалниот центар за животна средина за источна Европа. Проектот спроведува активности за поддршка на енергетската ефикасност во индустријата преку интегриран пристап – градење на капацитети и насочена техничка помош во полето на јавните политики, пазарната поддршка и спроведувањето на мерки за заштеди на енергија.

Крајна цел на проектот е намалување на емисиите на стакленички гасови во Република Северна Македонија преку подобрување на енергетските перформанси на претпријатијата и забрзаната трансформација на македонскиот пазар за енергетска ефикасност во индустријата, преку зголемување на побарувачката и достапноста на услуги за енергетска ефикасност во индустријата (ИЕЕ) преку:

  • Примена на најдобрите достапни практики и технологии преку спроведување на системи за управување со енергија и оптимизација на енергетски системи;
  • Зголемување на квантитетот и квалитетот на достапните консултантски услуги во овие сектори и
  • Зголемување на бројот на инвестиции во ИЕЕ:

Проектот се состои од три компоненти:

  1. Зајакнување на политиките, регулаторната и институционалната рамка за енергетска ефикасност и зелени индустрии во Република Северна Македонија – Проектна компонента 1 (ПК1)
  2. Поддршка за развој на пазарот, воведување и дифузија на најдобрите достапни практики и технологии за енергетска ефикасност и еколошка одржливост во индустријата – Проектна компонента 2 (ПК2)
  3. Забрзување на инвестициите во енергетски ефикасни технологии во индустријата – Проектна компонента 3 (ПК3)

 

ПРОГРАМАТА НА УНИДО ЗА ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ВО ИНДУСТРИЈАТА

Локалните консултанти и претставниците на индустриските претпријатија посетуваат обуки во рамки на проектна компонента 2 во следните области на техничка експертиза:

  1. Системи за управување со енергија (СУЕ) во индустријата (според ISO 50001)
  2. Оптимизација на индустриски системи за пареа (ОСП)
  3. Оптимизација на индустриски системи за компримиран воздух (ОСКВ)

Трите програми се комплементарни.

Програмите за СУЕ, ОСП и ОСКЗ се состојат од комбинација на традиционално учење, учење преку работа, менторство, употреба на специјализирани алатки и полагање на финален испит. Локалните консултанти и стручњаци за енергетска ефикасност се стекнаа со потребните алатки и експертиза за спроведување на системи за управување со енергија и идентификување, подготовка и спроведување на мерки за заштеда на енергија и проекти за оптимизација на енергетски системи. Како резултат на обуките и спроведувањето на СУЕ во 21 компанија, ОСП во во 9 компании и ОСКЗ во 5 компании, беа остварени заштеди на енергија од преку 4.5 милиони USD.

Овој Повик за учество е наменет за кандидати заинтересирани за учество во Програмата за оптимизација на индустриски системи за компримиран воздух (ОСКВ).

 

ПРОГРАМАТА НА УНИДО ЗА ОПТИМИЗАЦИЈА НА СИСТЕМИ ЗА КОМПРИМИРАН ВОЗДУХ

Фокусот на оваа програма е кон оптимизација на системите за компримиран воздух. Пристапот за оптимизација на компресорските системи е заснован врз најдобрите достапни практики и технологии за енергетска ефикасност во индустријата. Пристапот кој го застапува и промовира УНИДО подразбира системска оптимизација, односно го надминува пристапот на едноставно надградување на опремата со поефикасни модели, со тоа што сеопфатно му пристапува на системот како целина. Постигнатите резултати покажуваат дека ефикасноста на секое парче опрема зависи од ефикасноста на системската целина во чии рамки функционира.

Во текот на зафатите за оптимизација на системи за компримиран воздух спроведени од страна на проектот, претпријатијата успеаа да идентификуваат можности за заштеда на преку 50% од годишната потрошувачка на енергија на нивните системи за компримиран воздух, односно помеѓу 15,000 и 80,000 евра годишна заштеда на средства. Оптимизациите на системи за компримиран воздух доведоа до предлог-мерки за корекција на системски протекувања, неефикасни компресорски конфигурации, ризици од прекин во работата и други предизвици кои значително ја намалуваат исплатливоста на компресорските системи и производните операции кои зависат од нив.

 

КОРИСНИЧКА ОБУКА ЗА ОПТИМИЗАЦИЈА НА СИСТЕМИ ЗА КОМПРИМИРАН ВОЗДУХ

Корисничката обука за оптимизација на системи за компримиран воздух е тродневен курс наменет за инженери, оператори и лица за одржување вработени во претпријатија од индустријата и во претпријатија-даватели на услуги за енергетска ефикасност. Обуката е наменета да ги оспособи учесниците да можат да извршат проценка на работата на компресорските системи, да ги определат енергетските и трошочните перформанси, да идентификуваат можности за заштеда на енергија и да остварат заштеди на финансиски средства преку оперативна контрола, системско одржување и соодветно ракување со инсталациите. Оваа обука ги образложува и основните принципи на дизајнирање на системите за енергетска ефикасност, истовремено демонстрирајќи техники за успешно презентирање на проекти за оптимизација на компресорските системи пред раководителите на претпријатијата од индустријата.

Обуката е БЕСПЛАТНА.

 

Распоред и локација на обуката

Корисничката обука за оптимизација на системи за компримиран воздух ќе се одржи во јуни 2021 година. Обуката ќе трае три дена, со времетраење од 6 ч/дневно, односно вкупно 18 часа.

Понудени се 6 термини за обуката за кои компаниите може да гласаат. Согласно гласовите, од нив ќе бидат избрани 3 дена во кои ќе се одржи обуката. Предлог-термини за обуката може да бидат доставени најдоцна до петок, 4 јуни 2021 година на e-mail адресата goran@gttp.mk

Датуми Денови
10 јуни Четврток
15 јуни Вторник
17 јуни Четврток
22 јуни Вторник
24 јуни Четврток
29 јуни Вторник

 

Обуката ќе се одржува помеѓу 8:00 и 14:00 часот со 30-минутни паузи во 10:00 и во 12:00 часот.

Заради COVID-19 пандемијата, обуката ќе се одржи онлајн преку ZOOM платформата, и истата е поделена на три дела. На Табела 1 е прикажан распоредот за корисничката обука. ZOOM линкот ќе ви биде доставен заедно со агендата за обуката, најдоцна 7 дена пред почеток на настанот.

 

Табела 1 Распоред за корисничката обука

Датум Време Обука за оптимизација на компресорски системи Локација
8.00 – 14.00 Ден 1 – Снабдување со компримиран воздух: Опрема за генерирање на компримиран воздух и поврзани трошоци Online
8.00 – 14.00 Ден 2 – Третман, дистрибуција и употреба на компримиран воздух Online
8.00 – 14.00 Ден 3 – Проценка и оптимизација на системи за компримиран воздух Online

 

Детална агенда ќе биде доставена на потврдените учесници најрано 7 дена пред почетокот на настанот.

Овој Повик е наменет за сите претпријатија во Република Северна Македонија кои работат со системи за компримиран воздух (со инсталиран капацитет на компресорскиот систем од преку 50 kW) кои можат да номинираат најмногу тројца претставници (инженери и/или оператори со опрема) кои ќе учествуваат во Корисничката обука.

 

 

ЕКСПЕРТИЗА НА ПРЕДАВАЧОТ:

Г-дин. Горан Танчевски е главен национален консултант на обуката за оптимизација на индустриски системи за компримиран воздух (САSO) и проценка на индустриски системи за компримиран воздух.
Горан работи како консултант на големи индудстриски системи на студии и проекти по прашањата за енергетски менаџмент и оптимизација на системи за компримиран воздух, пареа, когенерација, HVAC и други значајни потрочувачи на енергија.

Горан е сертифициран експерт за УНИДО за имплементација на системот за управување со енергијата (EnMS), оптимизација на системи за компримиран воздух (CASO) и оптимизација на системи за пареа (SSAO), и е овластен Европски Енергетки менаџер (EUREM- CCI). Тој има завршено магистерски студии по машинско инженерство и е инженер технолог за прехранбена технологија и биотехнологија.