Дополнителни информации за Системот за управување со енергијата

Мотивот за воведување на Систем за управување со енергија (анг. Energy Management System, EnMS), кој, најважно, ги задоволува барањата на стандардот ISO 50001, произлегува од Договорот од Париз за климатски промени од 2015 година (врска, https://unfccc.int/process-and-meetings/the-paris-agreement/the-paris-agreement), кој вклучува 195 земји во глобален акциски план за ограничување на зголемувањето на просечната глобална температура до 2 оС.
Воведувањето на EnMS е базирано на циклус на континуирано подобрување, одн. добропознатиот принцип Планирај – Направи – Провери – Делувај, со едноставна цел – енергетски и финансиски заштеди, со истовремено намалување на емисијата на стакленички гасови и намалување на изложеноста на променливоста на цената за енергија.
Даден интегриран EnMS им овозможува на владините институции, организации, претпријатија, јавниот и приватниот сектор, ефективно да ја следат и проверуваат потрошувачката на енергија, да ги детектираат можните подрачја на заштеда на енергија и намалување на трошоци. Воспоставен EnMS претставува сет на политики, процедури и бизнис-процеси спроведени со методолошки и организиран пристап со цел, општо, подобрување на енергетската ефикасност и олеснување на преминот кон алтернатива со ниска содржина на јеглерод. Системот за управување со енергија претставува сет на организациски и технички мерки спроведени со цел подобрување на енергетската изведба, базирано на континуирано следење и посветеност кон промени со цел постигнување долгорочни резултати.
Воведувањето на EnMS согласно со ISO 50001 е направено и во рамките на GEF-UNIDO проектот “Поттикнување на пазарната трансформација за енергетска ефикасност во индустријата и забрзување на инвестициите во најдобри практики и технологии во Република Македонија” преку неколку експертски и кориснички обуки. Целта беше да се осигура дека и јавниот и приватниот сектор ќе го поддржи континуираното подобрување во енергетските перформанси, ќе поттикне конкуренција и ќе се посвети на користење на одржливи методи за подобрување на енергетската ефикасност.
Идејата за вклучување на претставници од компаниите во УНИДО-обуките доаѓа од фактот што меѓународниот стандард ISO 50001 не ги дефинира специфичните чекори за тоа како системот за управување со енергијата треба да биде применет и покрај неговата важност од неговата појава во 2011. Стандардот дава рамка во која компаниите кои се стремат кон ISO 50001 би требало да ги дефинираат најдобрите расположливи чекори кон постигнување на ефективен мониторинг и управување со нивните енергетски ресурси, согласно со релевантните законски обврски. Со цел надминување на оваа бариера, Програмата на UNIDO беше дизајнирана да даде специфични препораки на претпријатијата и институциите и да им помогне во подобрувањето на енергетската изведба преку практична методологија за остварување на енергетските цели на компаниите. Овие препораки се презентирани на обуките, базирани на развиените Водичи и алатки.
Дефинирано како начин на живот, EnMS опфаќа неколку гледишта за негово воведување. Овие гледишта вообичаено се разгледуваат во четири (4) модули – Обврзаност/посветеност, Планирање, Воведување, Проверка.
Еден од водечките двигатели е обезбедувањето висока посветеност од врвниот менаџмент преку доброизградена бизнис студија. Врвниот менаџмент треба да обезбеди неопходна поддршка во придвижувањето на програмата напред и преку тоа да ги охрабри и поттикне вработените кон активно учество. Круцијален чекор е желбата за подобрување преку управување со потрошувачката на енергија и трошоците, како и обезбедување на персоналот со неопходните ресурси.
По воспоставувањето на делокругот и границите на EnMS, фазата на посветеност вообичаено се состои од назначување на претставник на менаџментот и создавање на енергетски тим, така што секој член добива јасно дефинирани улоги и одговорности. Клучно гледиште на работата на членовите на енергетскиот тим е нивната способност да ја подигнат свеста за важноста на ЕnMS, како и свеста за можните подрачја за подобрување во компанијата.
Компанијата треба да се посвети на одржувањето на енергетската политика, што ќе обезбеди рамка за постигнување на понатамошните цели.
Со цел подобрување во клучните сектори, структурата на EnMS треба да овозможи споредба меѓу “старата” и “новата” состојба. Фазата на планирање условува идентификување и анализа на значајните потрошувачи на енергија (ЗЕП) со цел да се дефинираат клучните индикатори на перформанси. Сите неопходни податоци се собираат и анализираат со цел креирање на поврзаност меѓу потрошувачката на енергија и променливите. Откако ќе бидат идентификувани и документирани ЗЕП, анализирано нивното влијание и воспоставена основата, може да се развијат можностите за нивно подобрување. Искуството покажало дека овие можности може да бидат најразлични кога сугестиите доаѓаат од членовите на персоналот, инженерите во постројките, персоналот за одржување итн. т.е. придонесот од сите вработени би требало да е добредојден и соодветно оценуван. Еден од клучните елементи на EnMS е тоа што фазата на имплементација се состои, првенствено и најважно, од мерки без или со ниски трошоци (цена). Овие мерки вообичаено се однесуваат на едноставни промени во оперативниот режим или режимот на одржување или прилагодувања на постоечката опрема. Откако ќе бидат воведени одобрените подобрувања, компанијата ја спроведува фазата на проверка, за време на која ја следи енергетската изведба, одредува дали се постигнати енергетските заштеди, идентификува одредени неусогласености и презема корективни и превентивни дејства.
Важно е да се запамети дека откако ќе се воспостави EnMS, работата не застанува во оваа точка. Во суштина, EnMs е континуирана анализа, планирање, спроведување и проверка. EnMS е процес на континуирано подобрување, континуирано следење, континуирани промени во оперативните практики и практиките во одржување, сите со интегрална улога во секојдневието.